Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени

Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми.
Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од пожари.
Според метеоролошките прогнози, највисоки температури се очекуваат утре, кога во Тесалија се предвидуваат од 40 до 41 степен, додека во областа Агринио, во Западна Грција, температурата може да достигне до 42 степени Целзиусови.
Од среда се очекува постепено намалување на температурите, и тоа прво во северните делови на земјата, а од четврток и во останатиот дел од Грција.
Ново на Сител
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
-

Трамп вели дека Путин сака договор повеќе од Зеленски
-

Делови од дронови оштетија индустриска зона во рускиот град Невиномиск, експлозии во Киев
-

Петмина загинати, десет лица се водат како исчезнати по ураганот и тропската бура во Мексико
-

Бугарија побара помош од ЕУ и НАТО за истрагата за нападите со дронови врз два брода во Црното Море
-

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
