Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било

Со развојот на вештачката интелигенција и дигиталните плаќања, криминалот целосно ги брише границите и се трансформира во транснационална операција, затоа, глобалната соработка меѓу полициските агенции е клучна и поважна од кога било, порача генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза.
Во гостување на Тема на денот на Сител, Уркиза нагласи дека големината на една држава не е клучен елемент, туку нејзиниот потенцијал да придонесе во глобалните активности за спроведување на законот. Тој посочи дека во моментов двајца функционери од Северна Македонија работат во седиштето на Интерпол, од кои едниот ја предводи целата глобална програма за бегалци, барани и исчезнати лица.
- Полициските сили на Северна Македонија се активен член на нашата организација и ние имаме голема корист од ова партнерство. Успеавме да ги вклучиме локалните агенции во неколку оперативни активности кои се движат од борба против трговија со дрога, па сè до трговија со луѓе и оружје. Исто така, лани во ноември потпишавме договор со кој Полициската академија тука се вклучи во нашата глобална мрежа, што значи дека и полициски службеници од други земји можат да учат од македонската експертиза - посочи Уркиза.
Македонската полиција, додаде, има клучен преглед врз информациите за заканите и криминалните мрежи што транзитираат низ Западна Балкан, регион чии криминални групи, според Уркиза, веќе не дејствуваат изолирано туку се целосно интегрирани и глобализирани.
Според генералниот секретар на Интерпол, најголемите безбедносни закани денес доаѓаат од технологијата и развојот на сајбер-криминалот, како и од глобалниот раст на трговијата со дрога.
- Вештачката интелигенција навистина го трансформира начинот на кој се врши криминалот. Но, таа станува и наш сојузник. Иако не со исто темпо како криминалците, агенциите за спроведување на законот веќе усвојуваат АИ решенија кои ни помагаат да обработиме огромен волумен на податоци и да спречиме злосторства што претходно, со мануелна работа, беа невозможни - вели првиот човек на Интерпол, посочувајќи дека ова бара и промена на профилот на полициски службеници кои се регрутираат.
Уркиза илустрираше дека организацијата служи како централен центар за податоци кој минатата година содржел над 150 милиони криминални досиеја, проверени од земјите-членки повеќе од девет милијарди пати. Кога македонските власти, вели, ќе внесат баран криминалец во базата, тој автоматски се проверува на граничните контроли и списоците на патници ширум светот.
МИА
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
