Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан

Главниот ирански преговарач и претседател на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денеска изјави дека израелските напади во јужниот дел на Бејрут покажуваат дека САД немаат ниту волја, ниту капацитет да ги спроведат своите обврски.
„Со давањето зелено светло (на еврејската држава) не можете да добиете никакви отстапки … Ако немате ниту волја, ниту капацитет да ги исполните вашите обврски, невозможно е да се зборува за продолжување на вистинскиот пат кон мирот“, напиша Калибаф на X.
Израелската војска денеска соопшти дека почнала напади врз Бејрут и оти гаѓа инфраструктура на движењето Хезболах, кое има поддршка од Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД денеска со Иран ќе потпишат договор за прекин на војната на Блискиот Исток и оти веднаш по тоа се предвидува отворање на Ормуската Теснина.
Техеран не ја потврди информацијата ниту вчера, ниту денеска.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
-

Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие
-

Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето
-

Трамп призна дека претерал со депортациите и дека тоа му наштетило на изборите
-

22-годишник од Дебарско приведен поради вонбрачна заедница со малолетничка
-

УЕФА ја казни Француската фудбалска федерација со 10.000 евра за одложување на натпреварот со Белгија
-

Бели тартуфи тешки 850 грама продадени за неверојатни 100.000 евра во Италија
-

Приведени осум возачи поради „безобѕирно управување со моторно возило“
