Елтон Џон обвинет за сексуално малтретирање на телоханителот

Легендарниот музичар Елтон Џон е обвинет дека сексуално го малтретирал неговиот поранешен телохранител.
Елтон по пат на неговиот адвокат ги отфрли обвинувањата како неосновани и порача дека телохранителот се обидува да извлече пари кои не ги заработил.
Џефри Венигер, кој работеше за пејачот од 2002 до 2014 година, тврди дека Елтон во една прилика додека биле сами во автомобилот ја ставил раката во панталоните и дека се обидел да го допира за гениталиите. Неговиот адвокат рече дека слични инциденти се случувале во неколку наврати и дека се интензивирале по 2010 година. Венингер додава дека се противел, но пејачот не се откажувал.
Тој бара отштета поради тоа што, како што тврди, бил во контантен страв и оти и натаму ги чувствува последиците во својот ум и тело.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
