Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан

Најмалку шест луѓе се убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан, вклучувајќи тројца болничари, објави либанската државна агенција ННА.
Нападот бил насочен кон центар за цивилна одбрана во областа Набатија, соопшти ННА, додавајќи дека уште 22 лица се ранети.
Израелската војска не го коментираше веднаш извештајот.
САД вчера објавија дека актуелното примирје меѓу Израел и милицијата Хезболах, поддржана од Иран, ќе биде продолжено за 45 дена. Меѓутоа, во последните недели примирјето постојано е прекршувано од двете страни, потсетува ДПА.
По избувнувањето на конфликтот во Иран, израелските сили извршија напади врз позициите на Хезболах во јужен Либан и врз упориштата на групата во предградијата на Бејрут.
Либанските власти наведуваат дека од почетокот на март и продолжувањето на борбите во земјата се убиени околу 2.900 лица, вклучувајќи многу жени и околу 200 деца, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
