Пуштен во употреба Пензионерски клуб во општина Илинден
Во населено место Бујковци, во присуство на поголем број пензионери беше пуштен во употреба петтиот пензионерски клуб во општина Илинден. На отворањето на Клубот што се наоѓа во просториите на Домот на култура „Бујковци“, присуствуваа градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Агировски, претседателот на Извршниот одбор на Здружението на пензионери Илинден, Благоје Атанасовски и претседателката на огранокот на Здружението Бујковци, Ротка Петровска.
Градоначалникот Стојановски истакна дека грижата за највозрасните, од чие богато животно искуство може многу да се научи, ќе продолжи и во иднина. Тој додаде дека подобрувањето на квалитетот на животот на пензионерите останува континуирана и трајна определба на општина Илинден.
Обраќајки им се на присутните, Драги Агировски истакна дека со сите досега спроведени мерки, значително е подобрен стандардот на пензионерите, кои сега примаат многу повисоки пензии, додавајќи дека Владата ги реализира речиси сите заложби кои што ги имаат пензионерите, сите проекти што се на нивно барање.
Тој искажа голема благодарност до општина Илинден и посебно до градоначалникот Стојановски за континуираната поддршка на повеќе полиња што општината им ја дава на пензионерите, особено за функционирањето на пензионерски клубови.
На присутните им се обратија и претседателот на Извршниот одбор на Здружението на пензионери Илинден, Благоје Атанасовски и претседателката на огранокот на Здружението Букјковци, Ротка Петровска, која нагласи дека пензионерскиот клуб е наменет и за пензионерите од Мршевци и Бучинци, кои што се дел од огранокот на Здружението - Бујковци.
Пензионерскиот клуб Бујковци е опремен со потребниот инвентар, а пензионерите во него ќе можат да го минуваат слободното време, да се дружат и забавуваат, да играат шах, домино, табла, како и да реализираат разни други културни активности. Благодарејќи на реализацијата на капиталниот проект „10 Домови на културата“ во општина Илинден се создадоа услови за отворање клубови на пензионерите и во другите населени места. Досега пензионерски клубови се отворени во Илинден, Марино, Кадино, Миладиновци и Бујковци.
Ново на Сител
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат