Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на ГРК Охрид се пласираа во финалето на ЕХФ Европскиот куп, елиминирајќи го вечерва во драматичен натпревар пред своите гледачи словенечки Целје на пенали (4-3), откако реваншот во регуларниот дел заврши 25-24.
Откако на првиот натпревар пред една недела во Целје загубија минимално со 26-27, ракометарите на Охрид на десетина секунди пред крајот на регуларното време во СЦ „Билјанини извори“ прв пат дојдоа до посакуваната предност од два гола (25-23), но Целје со погодок во последниот напад го однесе натпреварот на пенали.
Драмата продолжи во пенал серијата во која голманот на Охрид, Пилиповиќ го одбрани пеналот во шестата серија.
Првото полувреме донесе израмнета борба во која ниту еден од двата тима немаше повеќе од гол предност, а истата слика се повтори и во второто полувреме.
На 120 секунди пред истекот на регуларниот дел при резултат 23-23, Ѓукиќ и Лиапис му донесоа на Охрид водство од два гола, но Анжиќ во последната секунда беше прецизен на спротивната страна за израмнување на вкупниот резултат (51-51).
Во пенал серијата, Јасухира донесе почетно водство на Охрид, а Пилиповиќ одбрани. Охрид ја одржуваше предноста со прецизно изведените удари на Ојлески и Ќосевски, а откако Иванковиќ беше непрецизен, Пилиповиќ го одбрани ударот на Макуц во шестата серија за историско финале и повторување на ланскиот успех на Алкалоид.
Јасухира со девет голови беше најефикасен во редовите на Охрид, а Пилиповиќ запиша 12 интервенции.
Противник на Охрид во финалето ќе биде ќе биде унгарскиот тим Татабања, кој вчера го совлада Извиѓач на реваншот со 37-34 и со вкупен резултат од 68-67 го елиминираше противникот од БиХ.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
