Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела

Русија во текот на изминатата седмица лансира околу 1.600 борбени дронови кон Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој на социјалната мрежа X наведе дека врз Украина се фрлени и речиси 1.100 авионски бомби со наведување и три ракети.
Ова е значително помалку отколку во претходниот седумдневен период, пренесува „Украинска правда“.
„Русите се обидуваат да ја преоптоварат нашата противвоздушна одбрана со масовни напади, поради што секојдневното снабдување со ракети пресретнувачи е од пресудна важност. Еднакво е важно притисокот врз агресорот да не ослабне, бидејќи секое ублажување на постојните санкции само доведува до полнење на рускиот воен буџет, кој потоа се користи за војна“, наведе Зеленски.
Тој исто така го прокоментира денешниот руски напад врз автобус во Херсон, опишувајќи го како „брутален ’сафари‘ лов на луѓе“ во областите близу линијата на фронтот.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
