Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји ги губат своите лидерски позиции и им отстапуваат место на нови центри за раст и земји од Глобалниот Југ, и дека земјите што ја поддржуваат нивната сувереност во клучните области играат важна улога во оваа архитектура.
Во видео обраќање до учесниците на форумот „Отворен дијалог“, тој рече дека претходните пристапи, како и воспоставените норми и правила на деловниот живот и меѓународните односи, постепено ја губат силата, вклучително и поради постапките на западните земји што ги губат своите лидерски позиции, пренесува „Спутник“.
Според него, „сите елементи на глобалниот раст, од економијата и финансиите до технологијата и демографијата, се менуваат неповратно и во моментов се формира мултиполарна архитектура на глобалниот развој“.
Тој нагласи дека ниедна земја не може да се развива сама, на сметка на другите земји или на нивна штета.
„Моделот на глобалниот развој ќе биде одржлив и фер само ако се базира на принципите на еднаквост и меѓусебно почитување и ги зема предвид интересите на сите земји“, додаде Путин.
Националниот центар „Русија“ е домаќин на форумот за отворен дијалог „Иднината на светот: Нова платформа за глобален раст“ од 27 до 29 април.
Целта на овој форум е да се обликува визија за идниот глобален развој преку експертска соработка, а оваа година учествуваа претставници од повеќе од 120 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
