Три вида државна матура - гимназијалците ќе полагаат на 6 и 11 јуни, учениците од стручните и од уметничките училишта на 6 и 12 јуни

Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.
- Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките училишта и овој пат материјалот што ќе го полагаат учениците ќе биде приспособен на она што тие го изучувале во текот на четири години, изјави министерката Весна Јаневска.
Таа не очекува да има препишувања посочувајќи дека минатата година имало многу помалку, како што рече, препишувања или обиди за снаоѓање на ученците при полагањето на матурата.
- Тоа нè охрабрува. Самото промовирање на тоа дека матурата тие треба да ја сфатат како завршување на нивното средно образование, а не како нешто страшно, како проценка на нивноти знаење за понатамошниот живот, предизвика ефект. Но, секако, се работеше и со оценувачите и со набљудувачите, и минатата и оваа година, и јас сум длабоко убедена дека и оваа година процесот ќе биде така како што треба да биде, изјави министерката Јаневска пред почетокот на настан организиран од ИНОВА.
Според календарот на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој ги организира и спроведува екстерните испити, државна матура 2025/2026 гимназијалците ќе полагаат на 6 јуни, за кога е закажан тестот по англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, математика или историја, а на 11 јуни ќе го полагаат испитот по мајчин јазик и литература (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, турски јазик и литература, српски јазик и литература).
Учениците што ќе полагаат државна стручна матура првиот екстерен испит ќе го полагаат, исто така, на 6 јуни и ќе избираат помеѓу тест за англиски јазик или тест за математика. Екстерниот испит по мајчин јазик и литература учениците од стручните училишта ќе го полагаат на 12 јуни.
Државна уметничка матура ќе се плага на 6 јуни (англиски јазик или историја) и на 12 јуни – испитот по мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски односно српски јазик).
МИА
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
