Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав

Полицијата во Илиноис потврди дека синоќа била примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата Лав XIV.
По обемно пребарување, во кое биле вклучени кучиња трагачи, било утврдено дека дојавата е лажна.
Во инцидентот нема повредени, а евакуираните жители се вратиле во своите домови, објавува The Hill.
Полициската управа на Њу Ленокс соопшти дека истрагата продолжува за да се утврди изворот на дојавата.
„Поднесувањето лажни дојави од ваков вид е сериозен прекршок и може да резултира со кривични пријави“, предупредија властите.
Полицијата ѝ се заблагодари на заедницата за нивната соработка и трпение и ги повика сите што имаат информации за случајот да се јават на 815-485-2500 или анонимно да достават дојава преку веб-страницата на Њу Ленокс.
Дојавата за бомба дојде неколку дена откако поранешниот претседател Доналд Трамп го пофали Привост и го критикуваше папата Лав XIV на неговата социјална мрежа Truth Social за неговите коментари против американскиот конфликт во Иран и повиците за мир.
„Луис е тотално МАГА. Тој разбира, а Лав не! Не сакам папа кој мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“, напиша Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
