Велигденските празници го наполнија Охрид
Велигденските празници го наполнија Охрид. Голем број верници од утрото во духовните светилишта на најтажниот ден во христијанството Велики петок денот кога Исус Христос бил распнат се поклонуваат оставаат црвени јајца се молат и палат свеќи за здравје.
Најбројни за четиридневното прославување се домашните и гостите од нашето соседство но актуелни за овој период се и кружните тури. Бројните цркви и културните и културно историските знаменитости остануваат магнет за туристите.
Од денес па се до понеделник – втор ден Велигден, веќе се резервирани хотелите на ривиерата со туристи. Покрај хотелските капацитети голем број туристи ќе има и во приватното сместување. Инаку празнувањето на Велигден во некој од древните црковни храмови во Балканскиот Ерусалим е посебно духовно уживање.
Централната богослужба утре на полноќ ќе биде во Светиклиментовиот храм на Плаошник.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
