Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и ќе му изнесе две барања, од кои едното е „многу опасно“. Тој ги повика сите светски претставници „да не си играат со тоа“.
Вучиќ на телевизијата Прва изјави дека Курти ќе побара од Макрон НАТО да ја напушти копнената безбедносна зона на северот од Косово и Франција да го поддржи тоа, за Приштина „да може да ги внесе таканаречените Косовски безбедносни сили во копнената безбедносна зона“. Тој тоа го опиша како „многу опасно“ барање.
„Се надевам дека никој во НАТО нема да помисли да поддржи такво барање, сигурен сум дека мојот пријател Макрон нема да помисли да го поддржи. Тоа би бил директен напад врз мирот, врз нашето население, врз цела Србија и речиси сум сигурен дека тоа нема да се случи“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Курти од Макрон ќе побара и Французите да ја условат Србија – никогаш да смее своето оружје да го користи против Албанците.
Вучиќ очекува во Србија за Видовден да бидат произведени првите роботи.
„Очекувам дека ќе ги имаме првите роботи произведени на територијата на Република Србија за Видовден. За три месеци. На нив ќе пишува дека се произведени во Србија“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека во Белград ќе има летечки автомобили за време на специјализираната изложба Експо 2027
Според него, со наредба на извесна држава која не сакаша да ја именува е формиран воен сојуз меѓу Приштина, Тирана и Загреб што бил насочен директно против Србија.
„Знаев што се подготвува, тие формираа воен сојуз. Загреб никогаш немаше да се согласи ако наредба не беше пристигната, нема да кажам од која земја“.
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека не сака повеќе поделби меѓу народот и повика на мирни и демократски избори во десет локални самоуправи што ќе се одржат на 29 март.
МИА
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
