Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети

Иран веќе не располага со капацитет да збогатува ураниум или да произведува балистички ракети, рече синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција на 20-тиот ден од почетокот на израелско-американската војна против Исламската Република.
„Ние победуваме, а Иран е обезглавен“, рече Нетанјаху, додавајќи дека арсеналот на ракети и беспилотни летала на Иран е значително намален и ќе биде целосно уништен.
„Сега уништуваме фабрики што произведуваат компоненти за овие ракети и за нуклеарното оружје што тие се обидуваат да го произведат“, додаде израелскиот лидер.
Тој не даде никакви докази за своето тврдење дека Иран повеќе нема капацитет да збогатува ураниум, забележуваат светските агенции.
Нуклеарната програма на Иран е централно прашање во разговорите меѓу САД и Иран, кои се водат преку посредници. Сепак, разговорите пропаднаа откако САД и Израел започнаа ненадеен напад врз Исламската Република на 28 февруари. Иран потоа лансираше ракети кон Израел и земјите од Персискиот Залив, а исто така ја блокираше и Ормуската Теснина, низ која минуваат околу 20 отсто од светската нафта и течен природен гас.
„Иако војната трае речиси три недели, сè уште не е јасно дали Иранците ќе излезат на улиците за да ја соборат својата влада“, рече Нетанјаху.
Тој рече дека самиот ирански народ мора „да го избере вистинскиот момент и да го искористи“.
Нетанјаху истакна дека мора да има и копнена компонента во војната, која досега се водеше преку воздушни напади. „Постојат многу можности за оваа копнена компонента“, додаде израелскиот премиер, без да навлегува во детали. Тој негираше дека Израел ги вовлекол САД во конфликтот.
МИА
Ново на Сител
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
