Кварацхелија: Да се постигнат три гола против Челзи е фантастично

Напаѓачот на ПСЖ, Квича Кварацхелија, одговори на постигнувањето на три гола против Челзи во двомечот од осминафиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2025/26.
Дваесет и петгодишниот Грузиец постигна два гола во првиот натпревар против лондонскиот тим (5:2) на 11 март и додаде еден гол во реваншот (3:0) на 17 март.
– Да се постигнат три гола против Челзи е фантастично. Мора да продолжиме во овој дух и да работиме напорно. Секој натпревар е важен за нас. Се обидувам да играм исто на секој натпревар, го цитираше новинарот Фабрицио Романо фудбалерот на социјалните мрежи.
Кварацхелија беше прогласен за играч на синоќашниот натпревар во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи.
ПСЖ се пласираше во четвртфиналето на турнирот, каде што ќе игра против победникот од натпреварот Галатасарај – Ливерпул (1:0 прв натпревар).
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
