Три лица приведени, а две повикани на службен разговор - ги малтретирале сопругите, партнерките, ќерките и снаите

Лишени од слобода три лица и повикани на службен разговор две лица во Скопје, физички ги нападнале или агресивно се однесувале кон нивни сопруги, партнерка, ќерка и снаа, информираат денеска од МВР.
Синоќа во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга, со која извесен период не живеат заедно.
Истиот ден утрото, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка, која во самоодбрана го удрила со стаклено шише.
-На 07.03.2026 во 21:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето Карпош физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга. На 08.03.2026 во 11:35 часот во Пoлициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршија службен разговор со С.Х.Н. (70) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.03.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 30-годишна ќерка, се вели во информацијата од МВР.
Вчера попладнето, пак, во 16:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници извршиле службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа.
Според пријавеното, пријавената во текот на изминатите две години постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички била нападната. Притоа, пријавената се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случаите, против сторителите ќе следуваат соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателката по повод Курбан бајрам: Само преку разбирање различностите можат да бидат предност
-

Чаир со проширена акција за чистење во пресрет на Курбан Бајрам
-

САД планираат нови царини за Канада и Мексико
-

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола
-

Претседателот на Боливија доби пошироки овластувања за ангажирање на армијата
-

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-

Прскање против комарци во Југоисточниот регион в четврток и петок
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд
