Милошоски: Сега е вистинското време за нов стратешки пристап кон проширувањето на Европската Унија

Македонскиот случај во однос на европските интеграции е посебен, бидејќи државата често правела големи концесии, испорачувала видливи реформи, но за возврат се уште не го добила заслужениот почеток на преговорите со ЕУ. Сепак, нашиот фокус продолжува да биде исполнувањето на целите кои заедно со Европската комисија ги внесовме во Реформската агенда, истакна потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски во обраќањето на 12. Конференција на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа и земјите од Вишеградската група, што денеска се одржува во Будимпешта.
Исто така, потенцира Милошоски, нашата целосно усогласена позиција во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ е уште еден показател дека споделуваме заеднички вредности.
- Затоа денес имам две пораки. Првата е благодарност до Полска, Унгарија, Чешката Република и Словачка за нивната постојана поддршка за Македонија. И втората, до претставниците на ЕУ - бидете сигурни дека интегрирањето на сите земји од Западниот Балкан ќе биде од взаемна корист за сите, со што самата Европа ќе биде посилен актер на глобално ниво. Сега е вистинското време за нов стратешки пристап кон проширувањето на Европската Унија, рече Милошоски.
Потпретседателот на Собранието Милошоски претходно имаше средба со претседателот на Сенатот на Чешката Република, Милош Вистричил, на која било констатирано дека унапредувањето на соработката меѓу земјите од Вишеградската група со државите од Западен Балкан е заемно корисен процес за искористување на стопанските потенцијали, како и за подобро усогласување на ставовите во однос на глобалните предизвици за Европа.
Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која е во организација на Националното собрание на Унгарија, е традиционален меѓупарламентарен форум што се организира од 2004/2005 година и претставува значајна платформа за политички дијалог и парламентарна соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа.
Фокусот на конференцијата е насочен кон регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици во регионот.
Централна тема на првата сесија е „Состојбата на проширувањето во регионот на Југоисточна Европа“, а втората сесија е посветена на „Економските инвестиции и енергетските поврзувања - предизвици и можности во регионот“.
На конференцијата се предвидени обраќања на високи претставници на земјата домаќин, како и на претставници на Европската Унија и меѓународни организации, по што ќе следуваат дискусии и излагања на учесниците. Во завршниот дел е планирано усвојување на заедничка парламентарна декларација, како и билатерални средби меѓу делегациите.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
