-->
-->
Волонтерска акција на Младинскиот совет од Делчево за обновување на инвентарот во манастирот „Св. Балаклија“
-->

Во Делечево денеска се одржа волонтерска акција на Младинскиот совет за санација и обновување на инвентарот во манастирскиот комплекс „Св. Балаклија“.
Волонтерите од делчевскиот Младинскиот совет, покажаа на дело како со креативна идеја и со малку средства, може да се придонесе за подобра грижа кон заедничките добра и да се зајакне свеста за максимално искористување на јавните простори во заедницата. Тие со волонтерска акција ги обновуваа клупите и масите на познатото излетничко место во Делчево, манастирот „Св. Балаклија“, кој е на две километри од Делчево и каде инвентарот што сите го користат е целосно уништен.
Дарко Тодоровски,член на локалниот младински совет истакна дека тие сакаат да покажат практично како треба да се грижиме кон она што постојано го користиме.
- Оваа акција ја инициравме, бидејќи овој манастирскиот комплекс е познат за Делчево, тука има прекрасен спој на природата и духовното, доаѓаат многу гости и ние како млади секое слободно време го поминуваме тука. Но, состојбата со клупите, масите, кои сите ги користиме е навистина очајна, па сакаме даја промениме оваа слика, рече Тодоровски.
Неговиот пријател и претседател на локалниот младински совет, Димитар Димитровски, рече дека оваа акција има една порака која сака да ја испрати до сите млади, но и граѓани на Делчево.
- Да се чуваат овие клупи што ќе ги направиме, бидејќи ние и ги користиме, рече Димитровски.
Локалниот младински совет на Делчево брои 11 членови, а денеска во акцијата се вклучија и повозрасни граѓани кои можат и знаат како мајсторски да ја завршат работата. Лоренцо Трајановски донесе со себе машини и друг алат со цел да се обноват штиците и да се префарбаат клупите.
- Денеска ќе ги обновиме сите 30 клупи и маси, сакаме да им помогнеме на младите, бидеји оваа идеја е благородна, а клупите се стари повеќе од 15 години, рече Трајановски.
Оваа волонтерска акција се спроведува од страна на локалниот младински совет во Општина Делчево во соработка со Младинскиот образовен форум и е во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
