Фејсбук го прослави 22-иот роденден

Фејсбук, една од највлијателните социјални мрежи во историјата на интернетот, вчера одбележа 22 години од своето основање. Социјалната мрежа основана на 4 февруари 2004 година на Универзитетот Харвард, од страна на Марк Закерберг, заедно со колегите Едуардо Саверин, Дастин Московиц, Ендру МекКолум и Крис Хјуз, кои имаа значајна улога во раната фаза на развојот.
Првичното име на платформата било „Д Фејсбук“ (TheFacebook), а била достапна исклучиво за студентите на Харвард, за набргу потоа се проширила и на други универзитети, а подоцна и на пошироката јавност. Закерберг со објавата на Фејсбук, „22 години поминаа брзо“, се потсети на вчерашниот ден.
Со текот на годините, Фејсбук прерасна од студентски проект во светска платформа со милијарди корисници, значително менувајќи го начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат информации и примаат содржини. Во 2021 година компанијата го промени името во „Мета Платформс“ (Meta Platforms), насочувајќи се кон развој на нови технологии и виртуелни простори, додека Фејсбук останува една од нејзините основни, главни услуги.
За настанувањето на Фејсбук, во 2010 година е снимен и филм насловен „Социјалната мрежа“, во режија на Дејвид Финчер. Филмот, снимен според книгата на Бен Мезрич, ги прикажува почетоците на Фејсбук, односите меѓу основачите, како и правните и личните конфликти што го следеле неговиот брз подем. Иако не е целосно документарно точен, филмот имаше големо културно влијание и освои неколку престижни филмски награди.
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
