Бизнис
25. March 2016 - 16:34

Уште 4 дена за легализација на дивоградбите

Уште 4 работни дена им остануваат на граѓаните да поднесат барање за легализација на дивоградбите. Во четврток истекува и рокот за легализација на инфраструктурните објекти, односно за компаниите кои поседуваат оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура. Според информациите со кои располага Катстарот заинтересираноста е голема. Барањата се кај општините и тие ги имаат точните бројки. Од Катастарот апелираат да не се чека последниот ден.

Вчера лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски објави дека околу 5000 семејства кои до 2012 година не ја искористиле можноста за бесплатни геодетски елаборати повторно ќе можат да поднесат пријава. Трпески вели дека штом Законот помине во Собрание, граѓаните ќе можат да ги однесат документите во Катастарот. Надлежните ќе излезат на лице место, ќе ги премерат недвижнините и бесплатно ќе ги запишат.

Сеуште трае и можноста за социјално ранливите категории да добијат бесплатни елаборати. Досега само 5400 граѓани ја искористиле можноста.

Рокот за поднесување на елаборати за првично поднесените барања во 2011 истекува до крајот на годинава, додека за новите барања рокот е до крајот на 2017та.