Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО

Извештајот за состојбата на Охридскиот Регион е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Како што изјави Љутков, одговор за тоа дали ќе бидеме ставени на Листата на светско наследство во опасност може да се очекува во јуни кога треба да се одржи следната сесија на УНЕСКО во Јужна Кореја и на се мора да бидеме подготвени.
Министерот оцени дека ситуацијата со Охрид и Охрдиското Езеро не е ваква од сега, туку се работи за процес што трае 30-ина години.
В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љ
-Ги зедовме сите потребни податоци од сите институции и врз основа на тие податоци, но и врз база на комуникацијата со Албанија, се направи извештајот. Во меѓувреме, формиравме и кризен штаб за да ја кренеме целата ситуација на многу повисоко ниво. Кризниот штаб имаше два состанока, имаме мислење од него. Минатата недела, во понеделникот, имав состанок со Националната комисија за УНЕСКО, направивме мислење, го поминавме извшетајот и во вторникот извештајот помина и на Влада. Веднаш ги мечувавме давата извештаја, и од македонската и од албанската страна, и веќе се испратени до УНЕСКО. Сега, во овој период, не ни останува ништо друго, освен да го правдаме она што сме го направиле до периодот до февруари - истакна Љутков одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за Саемот за туризам, што ќе се одржи викендов во Скопје.
Прашан што очекува како одговор од УНЕСКО, одговори дека мора да се подготвуваме на сè.
-Ова не е некој процес што ѝ се случува на оваа Влада или на овие министри, туку е процес што се случува наназад 30-ина години. Мора да земеме предвид дека лани ни беше последната опомена и ова што ни дадоа рок од седум месеци да завршиме некои постапки е јасен сигнал дека тие подготвуваат, а и претходно се подготвуваше, да влеземе на Листата на опасност. Сè може да се очекува и треба да бидеме подготвени на сè. Наша задача е да не биде тоа така и да направиме уште еден притисок да ни се даде дополнително време. Мислам дека следната сесија на УНЕСКО е во Јужна Кореја во јуни и во тој период ќе го очекуваме одговорот од нивна страна. Ние имавме период од седум месеци да го направиме тоа што треба, сега уште пет месеци да го чекаме одговорот - истакна Љутков.
Македонија и Албанија до 1 февруари 2026 година тебаше да достават детаљни извештаи до УНЕСКО за преземените мерки за заштита на Охрид и Охридското Езеро како дел од обврските да го зачуваат статусот на светско природно и културно наследство и да го избегнат поставувањето на регионот на Листата на светско наследство во опасност.
МИА
Ново на Сител
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
-

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
-

Над 400 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот исток
-

Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци
-

Генералниот секретар на НАТО, Руте, утре во официјална посета на земјава
