Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари

Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари, информираат од локалната самоуправа.
Право на поддршката, додаваат, ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова.
-Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар, посочил Герасимовски.
Со одлуката за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче, како што велат, локалната самоуправа уште еднаш потврдува дека поддршката за младите семејства и создавањето подобри услови за раст и развој на децата се меѓу врвните приоритети.
МИА
Ново на Сител
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
