АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра | ФОТО

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти денеска АХВ.


Покрај домашниот промет, предмет на контролите биле и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите бил ставен на имплементирањето и одржувањето на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса и НАССР системот за безбедност на храната, како и соодветното означување на храната, мониторинг на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните.


-Фреквенцијата на официјалните контроли се вршеше согласно категоризацијата на објектите (операторите со храна) по ризик, при што категоризираните објекти со висок ризик беа почесто контролирани од оние кои се категоризирани како оператори со низок ризик. Во 2025 година од вкупниот број, реализирани се вкупно 47 200 контроли во внатрешниот промет, во рамки на редовните и вонредните инспекциски надзори, при што беа издадени 5 406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави, изречени беа 1 073 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени беа и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните, нагласува АХВ.
Во рамки на овие контроли, одземена и нештетено уништена била небезбедна храна (месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци) во вкупна количина од 355 377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618 илјади евра во денарска противвредност.
Дополнително, инспекциските служби на Агенцијата спровеле 78 016 контроли на увозните пратки и пратките кои транзитираат низ земјава, со храна од животинско и неживотинско потекло, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, добиточна храна и живи животни. Како небезбедни уништени биле 8 пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69 785 килограми, а една пратка била вратена во земјата извозник.

Како небезбедни во рамки на овие контроли уништени биле три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22 061 килограми. Во истиот временски период како небезбедни вратени биле 16 пратки со храна од животинско потекло.
MИА
Ново на Сител
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
