МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено

Меѓународната агенција за истражување на ракот (МАИР) при Светската здравствена организација (СЗО) ја оценува потрошувачката на црвено месо како можно канцерогена, а преработеното месо како канцерогено за луѓето.
По темелно разгледување на акумулираната научна литература, работна група од 22 експерти од 10 земји, свикана од МАИР, ја класифицира консумацијата на црвеното месо како можно канцерогено за луѓето (Група 2А). Таков е заклучокот врз основа на ограничени докази дека црвеното месо предизвикува рак кај луѓето и силни механистички докази што го поддржуваат канцерогениот ефект.
Оваа поврзаност е забележана главно кај ракот на дебелото црево, но забележани се и можни поврзаности со случаи на ракот на панкреасот и со ракот на простатата.
Преработеното месо е класифицирано како канцерогено за луѓето (Група 1) врз основа на доволно докази дека кај луѓето што го јадат предизвикува рак на дебелото црево. Лекарите заклучија дека секоја порција од 50 грама преработено месо што се јаде дневно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за 18 отсто.
- За поединецот, ризикот од развој на колоректален карцином поради јадењето преработено месо останува мал, но овој ризик се зголемува со количината месо што се јаде. Со оглед на големиот број луѓе што јадат преработено месо, глобалното влијание врз инциденцата на рак е од важност за јавното здравје - изјави д-р Курт Штрајф, раководител на работната група на МАИР.
Работната група разгледа повеќе од 800 студии што ја истражуваат поврзаноста на десетина видови рак со јадењето црвено или преработено месо во многу земји и популации со разновидна исхрана. Највлијателните докази доаѓаат од големи проспективни кохортни истражувања спроведени изминативе 20 години.
- Овие наоди дополнително ги поддржуваат постојните препораки за јавно здравје за ограничување на внесот на месо. Во истовреме, црвеното месо има хранлива вредност. Затоа, овие резултати се важни за да им се овозможи на владите и меѓународните регулаторни агенции да спроведуваат проценки на опасноста, со цел да се балансираат ризиците и придобивките од јадењето црвено месо и преработено месо и да се обезбедат најдобри можни препораки за исхраната, вели д-р Кристофер Вајлд, директор на МАИР.
Консумирањето на месо варира значително меѓу земјите, од неколку проценти - до државите каде што 100 отсто од луѓето јадат црвено месо. Општо земено, во просек, помал е бројот луѓе кои јадат преработено месо.
МИА
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
