Алиу: Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор, каде што има присуство или движење на повеќе луѓе

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидено е негово регулирање на отворени јавни простори, каде што има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства. Ова е особено важен аспект од законската рамка имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и аеросолот директно се вдишуваат, а изложеноста е непосредна - потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Според него, на јавни отворени простори граѓаните немаат реален избор да се оддалечат, а особено децата, постарите и хронично болните. Законот, вели Алиу, интервенира само онаму каде што постои неизбежна изложеност на други лица, со цел јавниот простор да биде здрав простор за сите.
- Посебен акцент е ставен нa локациите на кои луѓето не може реално да избегнат изложеност на чадот од цигари, како, на пример, при чекање во ред, простори на отворено, каде што се престојува подолго, и други јавни собири на отворено. За илустрација, луѓето што чекаат во редица за да купат билет за влез во установа од областа на културата или за влез на спортски натпревар, реално не може да избегнат изложеност на чад од цигари. Целта на предлог-законот е да се заштити здравјето на оваа категорија население - вели Алиу во пишаната изјава до медиумите.
Исто така, во делот на регулирање на пушењето на отворени јавни простори, особено е ограничено пушењето на места наменети за деца, млади и семејства, како, на пример, пред детските игротеки, каде што најмладите не би можеле да избегнат изложеност на чад од цигарите.
- Отворен простор не значи автоматски безбеден простор доколку тој е функционално ограничен или кога луѓето се наоѓаат на мало растојание и се директно изложени на чад од цигари. Токму затоа ова е еден од клучните аспекти на законската рамка за заштита на здравјето на населението, а особено на најмладите - појаснува министерот Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
