Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница, на чиј дневен ред се предлог-одлуки за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија и избор на избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
За избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија пријавени се 16 кандидати, од кои шест се од актуелниот состав - дипломираниот правник со положен правосуден испит од Скопје Борис Кондарко, дипломираниот економист и магистер по економски науки финансии од с.Непроштено Теарце Абдуш Демири, дипломираниот правник од Скопје Александар Даштевски, дипломираниот правник од Гостивар Дитмире Шеху, дипломираниот економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово Светлана Карапетрова и дипломираниот правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево Ангелчо Ристов.
Други пријавени кандидати за новиот состав се и Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, дипломиран правник и магистер по правни науки од Скопје, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит, од с.Чајле Гостивар, Марија Митановска Димовска, дипломиран правник од Скопје, Даниела Маркоска, дипломиран правник од Скопје, Елита Шуки, дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје, Добре Јанчев, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Бети Ѓорѓиеска, дипломиран инженер по електротехника од Скопје, Ивана Костадиноска, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Благоја Гешоски, дипломиран дефектолог, доктор на дефектолошки науки од Прилеп.
Државната изборна комисија е составена од седум членови (претседател, потпретседател и пет други членови). Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјава, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.
За членови на КСЗД се пријавени вкупно 14 кандидати - актуелниот член Лимко Бејзароски, Кире Василев, Усеин Елезоски, Мери Ивановска, Наташа Амдију, Жаклина Дамческа, Шемси Салаи, Миле Стојановски, Горан Нешевски, Несиме Јашари Љума, Ирфан Лимани, Даниела Стојановска Џинговска, Џихан Ахмед и Елита Шуки.
Комисијата е составена од седум члена, кои ги избира и ги разрешува Собранието. Членовите на Комисијата се избираат со мандат од пет години, со право на уште еден последователен избор. При изборот треба да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.
За член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Северна Македонија, да има VII/1 степен на образование и минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација и да не е носител на функција во политичка партија.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
