Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва изјави дека целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот.
Целта е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, а како последица на тоа да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви. Ќе се констатираат исклучиво четири прекршоци: брзина над дозволено, поминување на црвено, погрешно запирање и паркирање и нерегистрирано возило.
Тој информира дека е утврдено дека бројот на сообраќајни прекршоци е најслабата алка. - Почнавме од 100 000, а сега имаме драстично помалку сообраќајни прекршоци, но повторно тие се голема бројка од она кое реално може да се процесуира, рече Тошковски во „Тема на денот“ на Сител телевизија, додавајќи дека се уште бројките се во илјадници, но се далеку помалку од оние на почетокот, како што беа 100 000.
Појасни дека мораат да ги достават до граѓаните сите оние докази за да ги убедат дека тие навистина го сториле сообраќајниот прекршок.
Во споредба со претходно, сега граѓаните откако ќе го примат известувањето на телефон или маил ќе имаат можност да платат во рок од осум дена поливина од казната која е предвиедна, а онаму каде има забрана за управување моторно возило ако се плати во рок од осум или 16 дена тогаш забраната се изрекува на половина од минимумот кој е утврден законски. Според него, сето ова треба да ги мотивира граѓаните.
Министерот за внатрешни работи им се заблагодари на македонските граѓани, особено оние кои управуваат моторни возила на територија на СВР Скопје зошто, како што рече, докажаа дека без казни овие месец и половина откако е почната употребата на „Безбеден град“ во т.н. тест период немаме казни.
-Успеаја бројот на починати, како последица на непочитување сообраќајни правила, на територија на СВР Скопје да го намалат од 11 споредено со декември и јануари минатата година на два смртни случи во декември 2025 и јануари 2026 година, заклучно со 20 јануари. Бројот на повредени лица, како последица на непочитување на сообраќајни правила, споредено за овие 50-тина дена со крајот на 2025 со почеток на 2026 година и крај на 2024 со почеток на 2025 година за истите месеци - декември и јануари е намален за 35 отсто. Имаме за 35 отсто помалку повредени лица на територија на СВР Скопје компарирано со претходните два месеци, рече Тошовски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Според него, овие параметри се во насока дека македонските граѓани знаат да препознаат добар проект, кој спасува човечки животи и знаат да се однесуваат достоинствено доколку увидат дека се работи неселективно, посветено и професионално од институциите. Посочи дека драстична разлика се гледа на територија на СВР Скопје.
Најави дека граѓаните ќе имаат можност да платат на повеќе начини, во банка, да платат со картичка во најблиската полициска станица, преку електронски апликации на банките, а ќе има и посебна апликација, која ќе биде изготвена од МВР и ќе можат да ја користат граѓаните, со посебна заштита на корисникот.
Министерот Тошковски изрази жалење што јасно и гласно СДСМ не дале поддршка на овој проект и праша што правеле тие осум годинини наназад и не направиле ништо.
МИА
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
