Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа

Данска не може да преговара за сопствениот суверенитет, идентитет и демократија, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен за време на обраќањето пред данскиот Парламент.
„Ова е прашање на светски поредок. Најлошото можеби допрва доаѓа“, рече таа, пренесена од британските медиуми.
Фредериксен оцени дека Данска во моментов е во „темно поглавје“.
„Ако некој започне трговска војна со Европа, секако дека ќе одговориме. Никој во Европа не сака да го стори тоа, но тоа би било правилно. До 1 февруари работиме на тоа да спречиме таква разврска“, рече Фредериксен, алудирајќи на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за земјите кои се противат на преземањето на контролата врз Гренланд од страна на САД.
Таа предупреди дека трговската војна ќе доведе до намалување на работните места во САД, како и во ЕУ.
„Колку и да мораме да предупредуваме на тоа, ние мораме и да се подготвиме за такво сценарио“, рече таа.
Фредериксен истакна дека Данска ги смета САД за свој „најблизок сојузник“, велејќи дека Копенхаген никогаш не барал конфликт, туку соработка.
Данската премиерка не отпатува на Светскиот економски форум во Давос, поради тензиите со САД околу намерата на претседателот Трамп за преземање на контролата врз Гренланд.
МИА
Ново на Сител
-

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
-

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
-

Над 400 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот исток
