Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за две лица осомничени за кривично дело – Полов напад и силување, а едното од нив и за кривично дело – Уцена.
Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот, спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка од липковско и ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот. Потоа, жртвата ја уценувал дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.
Малолетната девојка, според обвинителството, била принудена да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, по што во повеќе наврати му ги давала парите на првоосомничениот.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, кои се веќе лишени од слобода.
Обвинителството информира дека продолжува со преземање на истражни дејствија и апелира за внимателно и етичко известување за настанот, како и за користење исклучиво на официјални извори, имајќи ја предвид потребата од заштита на малолетната жртва.
МИА
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
