Гвардиола: Задоволен сум од тоа како Сити играше против Брајтон

Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги искажа впечатоците за играта на неговиот тим на синоќешниот натпревар со Брајтон во 21-то коло од англиската Премиер лига.
„Граѓаните“ на домашен терен одиграа 1:1, ова е трето реми по ред за Сити во домашниот шампионат.
- Многу сум задоволен од тоа како игравме. Сити пропушти многу шанси. Постигнувањето голови е од суштинско значење, но ние не го направивме тоа. Не постигнавме втор гол. Тоа е сè. Понекогаш постигнуваш гол, понекогаш не. Мора да продолжиме да се обидуваме. Проблемот не е одбраната. Ни недостасуваат многу играчи. Ми се допаѓа начинот на кој играме. Играме на високо ниво, но реализацијата е слаба. Губиме бодови три натпревари во низа. Сега е потешко да се освои лигата, но ќе продолжиме да работиме, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.
Манчестер сити има 43 бода и е втор на табелата во Премиер лигата, пет бода зад лидерот Арсенал.
МИА
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
