Гренландскиот премиер остро реагира на заканите на Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд

„Доста е“, напиша гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен на социјалните мрежи како одговор на повторените закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз островот.
„Доста е со притисокот. Доста со инсинуациите. Доста со фантазиите за анексија. Отворени сме за дијалог и дискусија, но тоа мора да се направи преку соодветни канали и во согласност со меѓународното право“, напиша Нилсен на својата Фејсбук страница.
На прашањето од американското издание „Атлантик“ за последиците за Гренланд од операцијата на американските специјални сили во Венецуела, Доналд Трамп рече дека неговите сојузници треба сами да одлучат.
„Ни треба Гренланд од перспектива на националната безбедност, а Данска нема да може да се грижи за тоа“, им рече Трамп на новинарите во неговиот авион „Ер Форс Уан“.
„Ќе се справиме со Гренланд за околу два месеци, ајде да разговараме за Гренланд за 20 дена“, додаде американскиот претседател.
Минатиот месец, Трамп се пожали дека кинеските и руските бродови се „насекаде“ покрај брегот на Гренланд.
Вчера вечерта, данската премиерка Мете Фредериксен, исто така, ги осуди изјавите на Трамп за Гренланд: „Ги повикувам САД да престанат да се закануваат на историски близок сојузник и на друга земја и народ кои многу јасно ставија до знаење дека не се на продажба. Сосема е апсурдно да се каже дека САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд.“
Повиците за солидарност со Данска не доцнеа денеска, откако Шведска, Норвешка, Финска и Франција ја изразија својата поддршка за суверенитетот на Данска и Гренланд. „Не може да има промена на границите со сила“, нагласи портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Паскал Конфравро.
Полуавтономниот и огромен арктички остров Гренланд, дом на 57.000 луѓе, има значајни минерални ресурси кои се во голема мера неоткриени, а неговата географска локација се смета за стратешка. САД имаат воена база на островот, а за време на Студената војна имало околу десетина.
МИА
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
