Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година

Големи предизвици во 2025 година имаше во здравствениот систем, оцени денеска министерот за здравство Азир Алиу по средбата со новинарите. Тој изјави дека повеќе проекти се во тек или се во завршна фаза во јавните здравствени установи, а ќе се спроведат и нови во 2026 година.
- Здравствениот систем во секоја држава е со предизвици и кај нас. На крајот на годината имаме база на податоци од здравствениот систем. За првпат имаме база на човечки ресурси, а наскоро ќе имаме и база на инфраструктура и технологии. Од аспект на законите, 12 закони веќе се обработуваат и изменуваат, а работиме и на два нови закони кои досега ги немаше, а процесите налагаат да ги имаме. Ценам дека до крајот на февруари сите закони ќе бидат завршени, истакна Алиу.
Шест групи, посочи министерот, се креирани во Министерството за да може да следат дали има клинички проблеми во здравствените услуги. Пет од нив, појасни, имаат извештаи дека немало клинички пропусти во решавањето на здравствените проблеми кај граѓаните, а една се уште работи и очекувам наредната недела за еден пациент да ми биде доставен извештај.
Претходно на средбата со новинарите министерот во врска со дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, појасни дека во тек се активностите на работната група за унапредување на регистрите на здравствени работници и здравствени установи и поврзување на ПЗУ во рамки на Националниот систем за електронски евиденции во здравството.
Една од главните придобивки е централизирано и интегрирано управување со податоци во рамки на Националниот систем за електронски евиденции, како и зголемена интероперабилност меѓу јавни и приватни здравствени установи (ПЗУ). Посебна работна група работи на изработка на Стратегија за дигитално здравство, и веќе е поставена основа за завршно усвојување и имплементација на стратегијата. Работна група за лабораториски стандарди – LOINC, пак, ќе работи на усогласување на лабораториските тестови и резултати со меѓународно признати стандарди. Се работи на реконструкција и модернизација на Дата центарот, како и секундарен дата центар, со цел унапредување на ИТ-инфраструктурата на Министерството за здравство и Управата за електронско здравство. Почната е набавка на нова опрема, вели Алиу.
Во фаза на реализација, нагласи, се проекти за реконструкција и адаптација на КАРИЛ, реконструкција и реновирање на 10 операциони сали, нивни предпростории, ходници и машински сали на Хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“-Скопје, обновување на компресорски станици и станици за медицински гасови при Клиниката за токсикологија, Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“, Општа болница Струга-нефрологија и Општата болница во Гостивар.
Меѓу проектите со готова или завршна фаза на техничка документација се реконструкција и адаптација на простор при Клиниката за гинекологија и акушерство за потребите за реализација на програмата за биолошко потпомагнато оплодување (Ин витро фертилизација), изградба на нов објект за потребите на Психијатриската болница Демир Хисар, 4.УНОПС –гасификација на објекти на Здравствен дом-Скопје, ЈЗУ за геријатрија, Психијатриска болница-Бардовци, Клиничка болница во Тетово и Центар за јавно здравје Тетово, изградба на поликлиники или амбуланти во соработка со општините, изведба на реконструкција на Општата болница во Велес. Се планираат реализација на проекти за Центар за Цистична фиброза во рамки на Институтот за белоддробни заболувања кај децата-Козле, децентрализација на онколошките услуги, со што се предвидува формирање регионални центри за третман, односно дневна терапија на пациентите во ГОБ „8 Сепптември“, клиничките болници во Тетово, Штип и Битола итн., вели Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
