Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина

Образованието на мајчин јазик е важно човеково право, суштинско за зачувување и за градење на националниот и културниот идентитет, но и за персоналниот развој и успех, се вели во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик.
- Почитувани припадници на турската заедница, почитувани наставници. Имам особена чест, во име на сите граѓани и во лично име, најсрдечно да ви го честитам 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. На македонската држава, јазичниот императив ѝ беше јасен уште пред 81 година, кога ја воспостави наставата на турски јазик во тукушто ослободеното Скопје. Од тогаш до денес, континуирано и ревносно се негува турскиот збор, збогатувајќи го македонскиот мултикултурен идентитет, стои во честитката од Претседателката.
По повод важниот ден за сите нас, а особено за Турците, им изразувам голема благодарност на сите наставници и образовни работници коишто со својот труд, љубов, професионализам и посветеност, го шират знаењето на турски јазик и активно учествуваат во воспитувањето на мудри, благородни и хумани млади луѓе.
-Посакувам да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина! Честит нека ни е 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. 21 Aralık Türkçe Eğitim Bayramınız kutlu olsun, стои во честитката од Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
