Свет
24. March 2016 - 15:44

На 11 вработени во АЕЦ Тианж им бил забранет пристап до објектот

На 11 вработени во атомската електроцентрала Тианж, една од двете нуклеарни електроцентрали во Белгија, им бил забранет пристап до објектот по нападите во Брисел, јави телевизијата Ер-Те-Бе-ЕФ.

Претходно, весникот „Дерниер јор“ објави дека извршителите на терористичките напади во Брисел планирале напад и на белгиските атомски електроцентрали, но се откажале.

Доплнителни воени сили се распоредени за обезбедување на белгиските атомски електроцентрали по полициската операција во Брисел на 15 март.