Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово

Со свечена академија продолжија активностите за одбележување на јубилејот 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово. На свеченоста која ја организираше Библиотеката беа доделени признанија на вработените со над 20 години работен стаж, на шест пензионирани библиотекари, на најредовните читатели како и на Општина Тетово и Министерството за култура и туризам. Воедно со краток документарен филм беше претставен историскиот развој на библиотеката и предизвиците со кои се соочила институцијата во овие осум децении на постоење.
Во пригодното обраќање директорот на Библиотеката, Бинас Пајазити посочи дека денес имаат 150 илјади единици и 120 илјади наслови и се трудат што повеќе да бидат услужени граѓаните кои сакаат да читаат.
-Нашата цел е да бидеме што повеќе услужни преку проектите што ги реализираме. Оваа година реализиравме 15 проекти, за идната година планираме да аплицираме, за да реализираме 20 проекти. Значи самиот факт што е зголемен волумен на работа, ние покажуваме дека сакаме да бидеме на максималното ниво на услужување на сите граѓани и читатели кои се дел од нашата библиотека преку нашите проекти со кои се опфаќаат сите категории на читатели. Планираме да во иднина се прошириме со нашата работа, а тоа е Националната библиотека да стане Универзитетска библиотека. За тоа се некои предуслови потребни, а тоа што го чекаме со години е новата зграда. Се надевам дека во иднина политиката ќе ја даде својата рака во смисла на поддршка за овој објект, истакна Бинас Пајазити.
Биљал Касами, градоначалник на Тетово, истакна дека како локална самоуправа се определени постојано да бидат поддршка на библиотеката и да инвеститираат во образованието и културата.
-Библиотеката придонесува кон градење на општеството основано на знаење, толеранција и меѓусебна почит. Искрена благодарност до сите биле библиотекари, директори, вработени и соработници кои изминатите 80 години вложиле труд љубов и професионалност. Вашата работа, а можеби и тивка, но нејзиното влијание е длабоко и трајно, истакна Касами.
Дел од свечената академија беа настапите на младите музичари како и рецитали. Во четвртокот како дел од активностите за одбележување на јубилејот беше отворање на изложбата насловена „Библиотеката низ годините”.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
-

Мицкоски: Нафта има, граѓаните треба да бидат спокојни, Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
