Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета

Наводите на опозициската СДСМ од денешната прес-конференција се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета и свесна конструкција, се наведува во денешното соопштение од Владата.
-Обидите на опозицијата се јасни, да конструира наративи без фактичка основа. Затоа, уште еднаш потенцираме дека сите релевантни податоци се јавно достапни и лесно проверливи преку официјалните електронски системи на надлежните институции. Овие слаби и безидејни конструкции, лесно се распаѓаат при најосновна проверка, велат од Владата.
Оттаму појаснуваат дека станува збор за централизирана јавна набавка за 20 министерства со одлука на Владата. Набавката на овие системи, како што итакнуваат од Владата, има за цел да ја зајакне сајбер – безбедноста на институциите преку навремена идентификација на безбедносни слабости и проактивна заштита од закани.
Во текот на постапката, како што велат од Владата, имало две понуди, а наведениот субјект имал најповолна понуда. Постапката била спроведена без никаква забелешка, ниту пак покрената жалба, велат од Владата.
-Во однос на другата спомената јавна набавка, станува збор за реално потребен софтвер за проект кој го ветивме пред граѓаните со цел зголемена транспарентност и дигитализација на институционалните процеси, односно предвидува модул за следење на договорите (нивна исполнетост и количина), модул човечки ресурси, модул увид за барања од разни институции до СОЗР, прегледност на режиски трошоци и која институција колку троши, се наведува во соопштението.
Овие факти, како што велат од Владата, потврдуваат дека станува збор за тенденциозен обид за политичка манипулација, во кој се пласираат фабрикувани тврдења без ниту еден релевантен доказ.
-Наводите поврзани со поединци и наводни привилегии се апсолутно неточни и се во директна спротивност со фактите и достапната документација од надлежните институции. Јавно и одговорно тврдиме дека во сите постапки не постои ниту најмал пропуст, ниту најмала неправилност, се нагласува во соопштението.
Според Владата, опозицијата очигледно неспособна да понуди идеи, програми или визија, повторно посегнува по стариот и веќе прочитан рецепт на измислици, но ова се бледи и безидејни конструкции кои го разоткриваат очајот на оние што ги пласираат.
-Институциите работат транспарентно, законски и отчетно, а секој што тврди спротивно ќе мора своите зборови да ги поткрепи со факти, а не со празни политички конструкции. Ги охрабруваме сите заинтересирани страни да се информираат од официјалните извори и да не подлегнуваат на политички мотивирани шпекулации. Јавноста заслужува одговорност, факти и транспарентност, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
-

Бугарскиот парламент го усвои законот за буџет за 2026. во прво читање, претходеше тепачка во пленарната сала
-

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини
-

Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката
-

Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година
-

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
-

Сиљановска - Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
