На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години

На полигонот „Криволак“ денеска ќе биде уништена голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- Минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација, наведуваат од МВР.
Тоа што ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, како што с епосочува во соопштението, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должна сериозност.
- Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде, соопштија од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
