Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција

Во периодот јануари - октомври 2025 година вкупниот број на туристи е зголемен за 5,4 отсто во однос на истиот период лани, а зголемен е и вкупниот број на ноќевања за 0,6 проценти, соопшти Државниот завод за статстика.
Кај домашните туристи е забележано намалување за 2,3 отсто, а кај странските зголемување за 9,3 проценти. И во однос на ноќевањата, кај домашните туристи има намалување за 4,2, а кај странските зголемување за 6,4 проценти.
Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи 21,8 отсто биле домашни, а 78,2 процента странски. Бројот на ноќевањата во октомври 2025 година изнесува 204 718, од кои 29,1 отсто се од домашните туристи, а 70,9 отсто од странските.
Најмногу странски туристи во октомври 2025 дошле од Турција (18 678), Германија (12 558), Србија (6 154) и Грција (3 781).
МИА
Ново на Сител
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
