Иселеници од Минхен донираа спирометар за струмичката спортска медицина
Службата за спортска медицина во Струмица од сега ќе има многу поефикасен пристап кон дијагностиката на респираторните заболувања кај спортистите. Опремата што досега недостасуваше , современ спирометар , пристигна како донација од македонска иселеничка во Минхен, со што значително ќе се подобри здравствениот третман на пациентите.
Од Здравствениот дом Струмица велат дека оваа донација е од особено значење и претставува голем гест на општествена одговорност, имајќи во предвид дека Одделот за спортска медицина, покрај Струмица ги опслужува и околните градови.
Од службата појаснуваат дека новиот спирометар ќе овозможи поголема прецизност, побрза дијагностика и значително поквалитетен третман на пациентите со респираторни проблеми.
Здравствениот дом Струмица покрива подрачје со околу 100.000 осигуреници.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
