-->
-->
Приказна за еден британски војник, кој не сакaл да пука во Хитлер
-->
Се до крајот на животот Адолф Хитлер чувал многу живи сеќавања за своето учевство во Првата светска војан. Една од нив била дека при крајот на војната бил ранет на фронт.
Се обидувал да дојде до рововите каде биле неговите другари, кога пред него се појавил британски војник кој го држел на нишан.
Хитлер кажал дека војникот кратко се двоумел, а кога сфатил дека тогаш 29-годишниот германски војник нема намера да посегне по оружје и дека бил ранет, му дозволил да помине.
Адолф го поздравил во знак на благодарност и продолжил.
Настанот е историски факт, како што е факт и тоа дека Хитлер во војната неколку пати бил ранет. Односно дека биле милиметри во прашање, куршумот да ја промени историјата и денес да нема толку драматични спомени од Втората светска војна, холокаустот и милиони смртни случаи.
Исто така факт е дека Хитлер во 1937 година, гледајќи некои фотографии, заклучил дека најодликуваниот британски војник од Првата светска војан, Хенри Тандеј бил војникот кој му го поштедил животот.
Во 1937 година, кога британскиот премиер Невил Чембрлен бил во посета на нацистичката канцеларија за да се договори Минхенскиот договор, Хитлер му ја раскажал приказната и побарал од премиерот да пренесе поздрав до Тандеј.
А Хенри бил посебен, роден е во 1891 година, син на британски војник. Голем дел од своето детство го минал во сиропиталиште, а кога станал полнолетен заминал во војска.
Кога Тандеј го сослушал премиерот, сфатил дека после најхрабрата битка во својот живот, му го спасил животот токму на Хитлер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице