Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, преку видео обраќање емитувано на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, упати честитки до партијата за, како што нагласи, „импресивните успеси“ во изминатите две години.
Орбан истакна дека по долг период во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ успеала да се позиционира како една од најуспешните политички сили на европската сцена.
„Постигнавте убедливи победи на парламентарните, локалните и претседателските избори. Ја насочивте вашата татковина кон стабилен и предвидлив развој. По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа. Нема подобра препорака од сопствениот успех“, рече Орбан.
Тој се заблагодари за соработката со лидерот Христијан Мицкоски и го охрабри членството да продолжи да му дава доверба.
„Продолжете по патот на успехот. Ви посакувам многу успех во претстојните владини задачи. Бог да ги благослови македонските патриоти“, додаде унгарскиот премиер.
На Конгресот со видео обраќања се вклучија и други претставници на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ.
МИА
Ново на Сител
-

ЦИК на БиХ: Синиша Каран е нов претседател на Република Српска
-

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со - 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени
-

Продолжува судењето за „Онкологија“, треба да бидат сослушани вешти лица од Словенија
-

Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата
-

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026
-

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков
-

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, осудена во Иран на уште 7,5 години затвор
-

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината
