Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините

Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 литри на метар квадартен за 24 часа). Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец.
-Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
УХМР најави дека локалните врнежи од дожд ќе се намалуваат во попладневните часови. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.
МИА
Ново на Сител
-

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот
-

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
-

СВР Штип апелира до граѓаните за внимателност од телефонски измами
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
-

Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна
-

Директорот на „Енвидија“ признал неверство, неговата љубовница кинеска шпионка
