Еден загинат при уривање на дел од магацин во пристаништето во Антверпен

Еден 36-годишен работник загина, а друг се здоби со сериозни повреди при уривање на дел од магацин во фаза на реновирање во пристаништето во белгискиот град Антверпен.
Како што јавија белгиските медиуми, повредениот работник, на возраст од 43 години, релативно брзо бил извлечен од под урнатините и пренесен во болница.
Од друга страна, загинатиот работник веднаш по инцидентот беше прогласен за исчезнат. По неколкучасовно трагање, во кое учествувале и кучиња трагач, спасителите го пронашле неговото безживотно тело.
Причините за уривањето на магазинот за сега не се познати. Во тек е истрага на инспекциските служби на местото на настанот.
По инцидентот, од безбедносни причини, било затворено градилиштето што се наоѓа веднаш до магацинот.
Работник кој се наоѓал во подрум во близина на магацинот, за јавниот радиодифузен сервис ВРТ изјави дека одеднаш слушнал силен тресок.
– Кога се качив горе, видов дека едната страна од магацинот е целосно урната, изјави работникот.
Тој додаде дека веднаш по инцидентот им било наредено да престанат со секакви работни активности.
– Немам поим што се случи. Никогаш не можете да бидете сигурни што може да се случи, додаде тој.
Очевидец на настанот, кој се наоѓал на балкон на 7-миот кат во зграда спроти магацинот, изјави дека во време кога се случил инцидентот работници работеле нешто на покривот на магацинот.
– Одеднаш, се урна надворешниот ѕид на првиот кат, веднаш потоа и на приземјето, а потоа се урнаа и сите потпорни греди. Потоа се појави густ чад и заглушувачки звук. Ги слушнав работниците како викаат, но немаше одговор, изјави тој за ВРТ.
Инцидентот во магацинот, кој е во сопственост на градот Антверпен, се случил за време на активности за реновирање на објектот.
– Овие активности започнаа во октомври. Беше потребно магацинот да се реновира за да се пренамени, изјави портпаролката на градските власти на Антверпен, Лизбет Де Мајер.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
-

Навивачи на „Фемили“ нападнале група навивачи на „Работнички“, тешко повреден малолетник
-

Излезноста во Брвеница до 11 часот изнесува 13,82% – зголемена во однос на првиот круг
-

Скопјанец приведен по пријава дека ѝ се заканувал на сопругата, таа пријавила и долгогодишно малтретирање
-

Девојка пријавила дека била нападната од другарка додека се возеле во такси
-

Малолетници затекнати пијани во локал во Карпош, едно лице пренесено на Токсикологија
-

Уапсени двајца гостиварци за трговија со дрога, при претрес пронајдени шест пакувања кокаин
-

Шест возачи приведени во изминатото деноноќие за безобѕирно управување со моторно возило
