Бизнис
23. March 2016 - 21:14

Сликата за македонскиот аграр целосно сменета

Субвенциите, поддршката за набавка на механизација како и државно земјиште за оние кои сакаат да се занимаваат со оваа дејност, се само некои од лепезата поволности што Владата во изминатите 10 години ги воведе за помош на македонскиот аграр.

- Во земјоделството, за кое до 2006 година единствена асоцијација беа проблеми и барањата на земјоделците некој да им помогне. Но од тогаш до сега, работите во земјоделството сериозно се променија. Денес прва асоцијација кај секој граѓанин за земјоделството се субвенциите во земјоделството, поддршката 50-50 за механизација и модернизација на земјоделците, инвестициите во руралните средини…  Денес асоцијација за земјоделството е партнерството што за прв пат една Влада го има изградено со земјоделците.

Според министерот за змејоделство Цветков со инфарструктурните проекти кои се реализираат во руралните средини значително е подобрен животот во овие места, а младите земјоделци се мотивирани да останат таму и да се занимаваат со оваа дејност.

Државата освен субвенциите за набавка на механизација ги субвенционира земјоделците да набават и добиток како и да подигнат нови насади. Ги стимилира и младите луѓе со финансиската поддршка од 10 000 евра.

Вицепремиерот Пешевски потенцираше дека досега се потпишани околу 8700 договори со кои на земјоделците им се дава државно земјиште за да можат да одгледуваат култури.

Земјоделците задоволни од досегашната поддршка од Владата. Велат дека без субвенциите, интересот за оваа дејност би бил многу намален.

Како мерки кои исклучително им помогнале досега, ги потенцираат 60 % покривање на трошоците за осигурување на посевите од страна на државата, како и помошта за набавка на трактори и друга механизација.

Во 2015 година извозот на земјоделското производство изнесувал 487 милиони евра додека во 2006 бил 318 милиони евра. Двојно е зголемен и извозот на храна меѓу 2006 и 2015 година, а зголемен е и извозот на вино и извозот на тутун.