Трамп иницира постапка за прогласување делови од „Муслиманско братство“ за терористички организации

Актуелниот претседател на САД Доналд Трамп синоќа иницираше постапка за означување на одредени делови на организацијата „Муслиманско братство“ како странски терористички организации и како специјално назначени глобални терористи, што би довело до воведување санкции против едно од најстарите и највлијателни исламистички движења во арапскиот свет.
Според соопштението на Белата куќа, Трамп потпишал указ со кој му наложува на државниот секретар Марко Рубио и на министерот за финансии Скот Бесонт да подготват извештај за тоа дали да бидат прогласени за терористички организации одделни делови на „Муслиманско братство“, меѓу кои и оние во Либан, Египет и Јордан. По доставувањето на извештајот, министрите треба да преземат активности во рок од 45 дена.
Администрацијата на Трамп ги обвинува фракциите на „Муслиманско братство“ во споменатите земји дека поддржуваат или охрабруваат напади врз Израел и партнери на САД, или дека даваат материјална поддршка на палестинската вооружена група „Хамас“.
„Претседателот Трамп се спротивставува на транснационалната мрежа на ‘Муслиманско братство’, која го храни тероризмот и кампањите за дестабилизација насочени против интересите и сојузниците на САД на Блискиот Исток“, се вели во соопштението.
„Муслиманското братство“ е основано во Египет во 1920-тите како исламско политичко движење за спротивставување на ширењето на секуларни и националистички идеи и брзо се проширило низ муслиманскиот свет, често делувајќи во сенка.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
