Потпретседателот на Собранието Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Антонијо Милошоски денеска ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи на 23-24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралство Шведска.
Како што соопшти собраниската прес-служба, во составот на делегацијата е и Бобан Стојаноски заменик-генерален секретар на Собранието.
Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Андреас Норлен, Претседател на Парламентот на Kралството Шведска.
На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти,10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија.
Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, Вториот Самит се одржа во 2023 година во Прага, Чешка Република а Третиот парламентарен самит се одржа во 2024 година во Рига, Летонија.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
