Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски со објава преку Фејсбук соопшти дека денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје - булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода.
-По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа! Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот. Потоа ќе следат следните фази за изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, кои ќе овозможат побезбеден и побрз проток, со паметни и современи решенија согласно европските стандарди, напиша Ѓорѓиевски.
Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, како што посочува Ѓорѓиевски, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за нашиот град.
- Сообраќајницата ќе има шест ленти - четири за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз и дополнителни пешачки патеки. Ова значи дека сообраќајот ќе се одвива непречено, а центарот на градот ќе се ослободи од гужвите, станувајќи многу покомфорен, побезбеден и поуреден простор за сите. Овој за мене е еден од најзначајните проекти - симбол на новото време за Скопје! Преродбата на Скопје – започнува!, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
