Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025

На локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини – една во првиот круг и три во вториот.
Во првиот круг, единствената избрана градоначалничка беше Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода.
Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – СДСМ“.
Градоначалнички мандат во вториот круг освоија и кандидатките на Коалицијата „Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во Општина Неготино и Наталија Димитриева во Општина Демир Капија.
На овие избори имаше вупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени (10.35%).
Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека, по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.
Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.
Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.
МИА
Ново на Сител
-

Шилегов: Исклучување од членство од партијата врши општинската организација, а не Филипче и раководството на СДСМ
-

Се фалсификувале документи за „Мерцедес-Мајбах“ и Буџетот се оштетил за 1,9 милиони денари
-

11-годишно девојче прегазено во Скопје, возачот избегал
-

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
-

Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
