Синер за неговите шанси да ја заврши годината како играч број еден во светот: Невозможно е

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ги процени своите шанси да ја заврши годината како играч број еден во светот.
Дваесет и четиригодишниот Синер со 10.500 бодови, е втор на светската ранг-листа. Лидер е Шпанецот Карлос Алкараз, со 11.340 поени.
– Невозможно е. Да бидам искрен, не размислувам за тоа во моментов. Тоа е целта за следната година. Оваа сезона, сè е надвор од мои раце. Но, гледајќи ја годината како целина, постигнав неверојатни резултати. Сега само сакам да ја завршам сезоната што е можно подобро. Ако можам да направам нешто извонредно, тоа би било одлично. Ако не, тогаш веќе имав одлична година, рече Синнер на прес-конференција во Париз.
Во сезоната 2025, Италијанецот ги освои Австралија Опен, Вимблдон и турнирите во Пекинг и Виена. Тој исто така стигна до финалето на Ролан Гарос и на УС Опен, губејќи ги двете финалиња од Алкараз.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
