Македонија
28. July 2015 - 16:51

Проширување на улиците во Маџари

Нема да има доцнење на градежните работи во Скопје поради топлото време. Градот ќе ги почитува препораките на министерството за труд, но сепак роковите нема да бидат пробиени вели градоначалникот.

Работниците ќе бидат ослободени од активности во периодот од 12 до 17 часот, но Трајановски очекува оваа препорака да трае не повеќе од една недела.

Денеска отпочна и проширувањето на улицата „Благоја Стефковски“ во Маџари.

Потегот кај киното кој е тесно грло за жителите на Гази Баба и околните општини , надлежните очкуваат да биде готов за два месеци.

- Се разбира дека ќе почитуваме препораките, ние сме обврзави и тоа мора да го направиме, вели градоначалникот Трајановски.

Новопроширениот коловоз ќе биде на површина од 1200 метри квадратни а за него градот одвои 4,5 милиони денари.

Градежните работи во Скопје  ќе се интензивираат од септември. Предвидено е прошурување на булевари и улици како и изграба на кружен тек во железара.